Викендов стабилно и топло време со дневни температури до 22 степени
- За време на викендот во Македонија ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.
Температурите утре ќе се движат од - 3 во утринските часови до максимални 20 степени преку ден во јужните делови на земјата.
Во недела минималната температура ќе се движи од 0 до 6, додека дневните од 16 до 22 степени.
Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека дневните од 15 до 22 степени
Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат со постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури