Викендов шестто издание на „Мариово офф роуд искуство“
Во Мариово викендов по 6. пат ќе се одржи аутдор фестивал „Мариово офф роуд искуство“, во организација на здружението „Вело Европа“ од Скопје и општина Прилеп.
Активностите и кампот годинава ќе бидат сместени во манастирот „Свети Илија“ во село Мелница.
Фестивалот, како што информираат од општина Прилеп, освен турите со планински велосипедизам годинава ќе понуди и други новитети како влегување во пештери, искачување на неколку планински врвови и концерт на чалгискиот оркестар при МРТ.
Организаторот на аутдор фестивалот Слободан Трајковски изјави дека покрај планинскиот велосипедизам, годинава ќе има и планинско трчање, аеробик, болдеринг и спелеологија.
- Целта и мотото на годинашното издание на фестивалот е „Уживаме во Мариово“. Со текот на годините го поставивме Мариово во календарот на аутдор активностите на спортистите во Македонија и веќе се дефинираше групата на луѓе кои се искрени љубители на овие спортови, љубители на престојот во природа и конкретно љубители на Мариово. Оваа година очекуваме да има околу 300 гости кои ќе практикуваат еден од овие спортови. Една од најубавите промени кои ќе ги воведеме е музичкиот дел кој ќе се одржи во сабота. Преку денот ќе има диџеј кој ќе пушта тивка музика, а вечерта во 20 часот ќе се одржи концерт на чалгискиот оркестар при МРТ, изјави Трајковски.
Главни активности, како и претходните години, ќе бидат планинските велосипедски тури. Ќе има две тури едната долга 50, а другата 30 километри. Учесниците на подолгата тура ќе стартуваат во 10 часот од манастирот Свети Илија во Мелница, а ќе продолжат кон Бешиште, Сатока, Градешница и преку Зовиќ и селото Манастир повторно завршуваат во манастирот Свети Илија во Мелница. Малата тура ги посетува селата Витолиште, Полчиште, Бешиште и повторно се враќа во Мелница.
Марио Шарески, од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје, рече дека ова е негово трето учество на фестивалот.
- Годинава една од поглавните промени ќе биде и воведувањето на планинарската патека која ние уште пред еден месец ја обележавме и пробивавме. Таа е во должина од 15 километри. Ќе стартуваме од манастирот „Св. Илија“ и ќе искачиме три врвови : Мала скрка, Панделе и Пасково ќуле и потоа ќе се спуштиме во селото Полчиште за на сите посетители и учесници на турата им претставиме како изгледа едно типично мариовско село со својата архитектура. Потоа се враќаме назад во манастирот, рече Шарески.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ги повика сите љубители на природата од цела Македонија да присуствуваат на овој несекојдневен и единствен од ваков тип аутдор фестивал во регионов.
- „Мариово офф роуд искуство“ е еден од најважните настани кои се случуваат во текот на годината во Прилеп и Македонија. Ова е едно навистина одлично одбележување на пролетта и промоција на овој преубав крај. Благодарност до организаторите кои по 6. пат го организираат настанот и ги повикувам сите ентузијасти, љубители на природата и традиционална музика, овој викенд да дојдат во Мариово. Овој крај е еден најживописните и најеколошките предели на Балканот, изјави Ристески.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците