Викендов се отвораат плажите во Грција, парични казни за непочитување на прописите
Грчките плажи се отвораат викендов, со оглед на високите температури што се очекуваат наредните денови од над 35 степени. Но, правилата мораат да се почитуваат. Одлуката на Комитетот за заразни болести се сметала за повеќе од потребна, по гужвите што се случија минатиот викенд на дивите плажи, кои беа достапни за граѓаните.
Поради тоа организираните плажи во Грција од сабота во 8 часот ќе работат под дтроги услови.
Ќе биде строго определен бројот на луѓе кои ќе можат да бидат на плажите, односно заради физичка дистанца ќе биде дозволено само 40 луѓе на 1.000 квадратни метри. На плажите ќе биде забрането спорт, музика и алкохол.
Чадорите за сонце ќе мораат да бидат одалечени најмалку четири метри, со само две лежалки поставени заедно, а во рестораните и баровите на плажите, во кои се препорачува персоналот да носи маски, ќе биде можно само преземање на храна и пијалоци.
За непочитување на прописите предвидени се парични казни од пет до 20.000 евра, кои ќе бидат зголемени ако прекршокот се повторува, најави министерот за безбедност Никос Хардалиас и додал дека компаниите кои нема да се придржуваат до законите ќе бидат затворени прво на 30 дена, а потоа на 90 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица