-->
-->
Викендов се организира „Рапид турнир“ на ШК Алкалоид
-->

На 18ти февруари (сабота) со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо Алкалоид 2017.
На турнирот, своето учество до сега го пријавиле рекорден број, над 170 учесници од шест земји. Прворангиран шахист на турнирот е силниот велемајстор од Бугарија Кирил Георгиев, а учествуваат и најдобрите македонски шахисти интернационалните мајстори Филип Панчевски (минатогодишен победник) и Дејан Стојановски, велемајсторите Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и бројни млади шахисти, вклучувајќи ги најмладите репрезентативци ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов.
Турнирот се одржува во хотелот Континентал во Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 122.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
