Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 224 санкции, 193 за брзо возење
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 224 возачи, од кои 193 управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
Како што информираат денеска од МВР, 13 санции се изречени за возачи возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и седум за нерегистрирано возило.
Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.57 промили.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани