Викендов 28-мо издание на хорскиот фестивал „ТЕХО“ во Тетово
Тетово викендов по 28-ми пат ќе биде домаќин на меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одзиви” (ТЕХО).
Главна одлика на фестивалот е што годинава се одбележуваат 110 години од раѓањето на композиторот академик Тодор Скаловски-Тетоец и на Трајко Прокопиев.
– Настапуваат вкупно 11 хорови од Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. Свеченото отворање е на 15- ти јуни сабота во 19.30 часот во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, а во истото време и место и во недела ќе се одржат хорските изведби. Влезот е слободен, изјави Ивица Зориќ, организатор на фестивалот и диригент на тетовскиот женски хор „Менада“.
Сите хорови ќе настапат со своја програма, како и со дела на Скаловски и Прокопиев. Покрај претставувањето на хоровите пред тетовската публика во рамки на фестивалот се предвидени и други активности.
– Во недела од 11.00 часот во Духовно културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок ќе се одржи меѓународна научна конференција на тема „За хорот“, на која седум универзитетски професори ќе елаборираат научни трудови на тема хорска музика. Исто така ќе се одбележат и 20 години од првиот Балкански хорски фестивал во центарот во Лешок, рече диригентот Зориќ.
Фестивалот „Тетовски хорски одзиви” за прв пат се одржа во 1973 година. Во 1997 година доби меѓународен карактер, а во 2012 година во рамки на фестивалот се одржа и меѓународниот хорски фестивал на Православна духовна музика. Од 2012 наместо како биенале, се одржува секоја година со тоа што една година се одржуваа настапи на хорови со православна хорска музика, а наредната со световна музика.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП

