Викендот во Скопје 22 сообраќајки, повредени 23 лица

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди, во кои се повредени 23 лица.
Сообраќајната полиција на 04 март-петок изврши увид на пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобило едно лице. Се случила и една незгода во која тешка телесна повреда се здобил еден пешак.
Како што информира за МИА, Драган М.Велјаноски од СВР-Скопје на 05 март-сабота извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, седум се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле16.
Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден возач на патничлко моторно возило, а едно лице се здобило со телесни повреди. .
На 06 март - недела сообраќајната полиција извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, една е со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиледве лица. Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден возач на мопед.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 24 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 92 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, како и девет возачи кои поминале на црвено светло на семафорите. Дваесет ид ва пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, додека 36 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 100 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и мпоторниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
