Викендот топло, од вторник заладување и пад на температурата
Претстојниот викенд ќе имаме топло време со температура до 17 степени, по што од вторник следува пад на температурата кога во утринските часови ќе биде под нулата, а дневната максимална ќе достигне до пет степени.
Викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два степена, а дневната од четири до 13 степени. Најтопло ќе биде во понеделник кога ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на темпратурата што ќе достигне до 17 степени. Утринската ќе се движи од минус еден до пет степени. Попладнето се очекува од запад да почнат врнежи претежно од дожд што преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.
Од вторник се очекува заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет и ќе се формира нова снежна покривка и на пониските места.
Во вторник утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од минус еден до осум степени. Во среда утринската од минус шест до два, а дневната од минус два до шест степени, во четврток ќе биде најстудено кога утринската ќе се спушти до минус 12 степени а највисоката утринска ќе биде исто така во негатива од минус три степени. Дневната во четврток ќе се движи од минус еден до седум степени
Ново на Сител
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“