Викенд временска прогноза, еве какво време не очекува
Малку пооблачното утро во вторник ќе биде причина и за малку потопло утро за разлика од понеделничкото. Минималната температура ќе биде позитивна.
Оваа облачност може да резултира со сосема слаб дожд, односно снег на повисоките планински врвови наутро во северозападниот регион.
Облачноста значително ќе се намалува во втората половина од денот.
Максималната температура ќе има вредност во границите од 16°С до 18°С во котлините од северниот и западниот крај, на југоисток околу 19°С.
Во скопскиот крај очекуваме претежно облачно утро, умерено облачно претпладне, а попладне и вечер генерално ведро време. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С, а максималната околу 19°С.
Како ќе се ближи крајот на неделата, така ќе растат и температурите, а за викендот ќе имаме вистинска пролет со температури над 24 степени.
Ново на Сител
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции