Loading Video...
Фудбал
14. April 2020 - 16:10

(ВИДЕО) Спектакуларен изгледа на новиот стадион на Реал

 
 
Кога сме кај Шпанците. Додека клубовите се обидуваат да се спогодат со фудбалерите за намалување на нивните плати, а се најавува и банкрот на најголемите клубови, сепак има и планови за иднината, каков што е оној на „Кралскиот клуб“. 
 
Легендарниот стадион на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“ иако и во моментов е еден од најубавите и најголемите во Европа, сепак неговото „ново издание“ ќе биде навистина импресивно.
 
Од „кралскиот клуб“ го презентираа изгледот на новиот стадион кој според преоценките ќе чини околу 525 милиони евра. 
 
Засега е непознато дали челниците на клубот ќе ги „намалат“ трошоците за овој капитален проект, со оглед на големите проблеми кои ги предизвика пандемијата на вирусот Корона.
 
Инаку „Сантијаго Бернабеу“ е граден од октомври 1944 година до декември 1947 година, кога и официјално беше отворен.
 
Досега двапати е реновиран во 1982 и 2001 година, додека неговиот капацитет е зголемуван во четири  наврати (1953, 1992, 1994 и 2011 година).