(ВИДЕО) Со нокаут по 30-секунди, Ермин Мамудоски го одбрани шампионскиот појас
Ермин Мамудоски, кој по потекло од Пласница, кичевско, а роден и живее во Хам, Германија, го одбрани шампионскиот појас во верцијата на „Ол Фајт Систем Организацијата“ (АСФО).
28-годишниот Мамудоски беше предизвикан Дејан Драгосаворд, но нашиот кик-боксер уште еднаш потврди дека е вистински шампион.
Бодрен од преку 3.000 македонци, со развиорени македонски знамиња, кои пристигнаа од цела Германија и регионот, тој го совлада својот противник и тоа со нокаут по само 30-тина секунди минати од борбата.
Со тоа Мамудоски ја впиша својата 27 победа во 33-тиот меч во професионалната кариера, од кои дури 20 ги има завршено со нокаут.
Ермин за кого ова е седми (7) шампионски појас најавува дека тука не застанува и дека наскоро ќе атакува и на шампионскиот појас во тешка категорија, со кој би ги обединил титулите и би станал апсолутен првак.
Ново на Сител
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“