-->
-->
Видео снимка од нападот на хотелот во кој бил Ердоган
-->

Турската новинска агенција Анадолија објави видео снимка од нападот на хотелот во Мармарис во кој отседна турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган за време на обидот за воен удар.
Специјалните полициски единици на југозападна Турција запленија оружје и воена опрена од припадниците на војската кои го извршија нападот на хотелот, пренесува агенцијата.
Опремата која вклучува гранати, шлемови, ноќни визири, пушки и митралези е пронајдена во шума во близина на хотелот Гранд Јазици Мармарис, каде што Ердоган бил во моментот кога е извршен обидот за воен удар.
Како што соопштуваат турските власти операцијата за заробување војници кои биле во хеликоптерот и го нападале хотелот во петокот набрзо откако Ердоган полета за Истанбул е се уште во тек.
Не е јасно дали опремата е оставена на местото по нападот, или таму била и за време на нападот, пишува Анадолија.
Турскиот претседател во моментот на избивање на пучот се наоѓал во хотелот од каде со авион замина за Истанбул, а претходно го повика народот да излезе на улиците и на плоштадите за заедно да се спротивстават на обидот за државен удар. Непосредно откако Ердоган го напуштил хотелот објектот бил мета на воздушен напад кој го извеле маскирани војници со воени хеликоптери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник