Loading Video...
Ракомет
26. November 2021 - 14:04

(ВИДЕО) Петти пораз во низа на вардарци во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар го претрпеа и петтиот пораз во низа во рамките од Лига на шампиони. Вардарци никако да ја прекинат резултатската криза во елитното натпреварување, па вчеравече пред својата публика во Јане Сандански загубија од ПИК Сегед со 27-30. 
 
Гостите уште од самиот почеток го најавија овој епилог откако поведоа со седум голови разилка (8-1), па до крајот на мечот само рутинирано ја одржуваа предноста, за на крајот за слават со три гола разлика. 
 
По овој пораз Вардар остана на петото место на табелата сега само со едн бод повеќе од ППД Загреб кој во ова коло ја оствари првата своја победа. 
 
Во последните два меча во 2021 година, Вардар ќе гостува во Германија кај Кил на 2 декември (20:45 часот) и во Хрватска кај ППД Загреб шест дена подоцна (8 декември - 20:45 часот).