-->
-->
(ВИДЕО) Италија подобра од Финска во последната контрола пред ЕУРО 2016
-->
Фудбалската репрезентација на Италија успешно ја заврши последната контрола пред стартот на Европското првенство во Франција,
На контролниот натпревар одигран синоќа во Верона, Италија со 2:0 ја победи Финска.
Аѕурите поведоа со голот на Антониот Кандрева од пенал во 27-та минута, додека вториот гол беше дело на Даниле Де Роси во 71-та минута.
Ова беше последниот контролен меч за Италија пред почетокот на ЕП на кое во првата (групна) фаза за противници ќе ги имаат селекциите на Белгија, Шведска и Република Ирска против кои ќе играат редоследно на 13, 17 и 22 јуни.
Покрај Италија, вчера од земјите учеснички на ЕУРО 2016 контролен натпревар играше и репрезентацијата на Полска, која во Краков, одиграа меч без голови 0:0, против репрезентацијата на Литванија.
Денеска, уште две селекции учеснички на ЕУРО 2016 ќе одиграат контолни натпревари. Грција на гостувањето во Мелбурн ќе игра против Австралија, додека актуелниот европски шампион Шпанија во Мадрид вечерва ќе ја угости селекцијата на Грузија. (20.45 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом