Видегарај: Не ги прифаќаме новите предлози на САД

Мексико нема да ги прифати едностраните предлози на САД поврзани со имиграцијата и нема да се двоуми да се обрати до Обединети нации со цел да се заштитат имигрантите, изјави денеска шефот на мексиканската дипломатија Луис Видегарај пред средбата со високи американски претставници.
Новите предлози на САД ќе бидат главна тема на претстојните состаноци на мексикансите претставници со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели.
Тилерсон и Кели утре и в четврток ќе го посетат Мексико, во време на заладување на билатералните односи по доаѓањето на власт на Доналд Трамп.
Неодамна стотици луѓе формираа „жив ѕид“ во пограничниот мексикански град Сијудад Хуарез во знак на протест поради плановите на Трамп да подигне ѕид меѓу САД и Мексико.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
