Македонија
24. January 2018 - 8:48

Вицепремиерот Османи во посета на Србија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Србија, каде што ќе има средби со министерот за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, со петседателот на Одборот за европски прашања во српскиот Парлемент Ненад Чанак, како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ, Наташа Драгојловиќ.
 
На средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања ќе бидат отворени темите за напредокот на односите меѓу двете земји, потенцијалите во рамките на регионалната соработка, како и европските перспективи на регионот во контекст на претстојните значајни настани како што се: Стратегија за проширување, Извештаите на Европската Комисија за земјите од регионот, Самитот за проширување во Софија...
 
Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја која вицепремиерот Османи ја започна на почетокот на месецов со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград, ќе продолжи и со посета на Софија./МИА

Ново на Сител