Вицепремиерот Османи во посета на Германија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе присуствува во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, каде на средби со германски високи претставници ќе ги презентира реформите во делот на евроинтеграциите, динамиката на спроведување на мерките од Планот 3-6-9 и можноста за германска поддршка за нивна имплементација.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи ќе оствари средби со Михаил Рот, државен министер за Европа во федералното Министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка, во Министерството за економска и развојна соработка на Германија.
- Реформите поврзани со процесот на европска интеграција на Македонија, особено динамиката на реализацијата на мерките од Планот 3-6-9, како и можностите за германската поддршка за нивна имплементација ќе бидат во фокусот на разговорите. На средбите ќе се разговара и за Берлинскиот процес како и имплементацијата на мерките од Агендата за поврзување кои се особено значајни за понатамошно унапредување на регионалната соработка, како важен сегмент за процесот на пристапување во ЕУ, наведуваат од СЕП.
Дополнително, во рамки на посетата на Берлин, Османи ќе се сретне и со Кристоф Бејер, потпретседател на Управниот одбор на ГИЗ, како и со претставници на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, стои во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
