Вицепремиерот Османи во посета на Естонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи од денеска ќе престојува во посета на Естонија каде што ќе има средба со естонскиот министер за надворешни работи Свен Миксер.
Се очекува да се разговара за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската унија до крајот на годината, за политиката на проширувањето, како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија.
За време на посетата, вицепремиерот Османи ќе оствари средби и со директорот на канцеларијата за европски прашања при естонската Влада, Клен Јарац, со претседателот на Комисијата за европски прашања во естонскиот Парламент, Томас Витсут, како и со претседателот на парламентарната група меѓу Македонија и Естонија, Ерик Нилс Крос.
Со нив, вицеремиерот Османи ќе разговара за билатерната и регионалната соработка, за проширувањето на Европската унија со земјите од Западен балкан, како и за унпаредување на меѓусебните односи на Македонија и Естонија.
По посетата во Естонија, вицепремиерот Османи ќе отпаува за Брисел каде се планирани бројни средби на владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев со високи претставници на Европската унија.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
