Вицепремиерот Османи се потпиша во Книгата на жалост за Реџепи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска, по повод смртта на поранешниот премиер на Косово Бајрам Реџепи, од името на Владата на Република Македонија се потпиша во Книгата на жалост во просториите на Амбасадата на Република Косово.
- Бајрам Реџепи, човекот кој целиот свој живот претставуваше пример за сите нас. Ќе биде вечен споменот за вас, напиша Османи во Книгата на жалост.
Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Бајрам Реџепи беше значаен политичар на Косово. Тој е првиот премиер на Република Косово по конфликтот во 1999, а претходно беше претседател на советот на Општина Митровица и градоначалник на Јужна Митровица. Реџепи по професија беше лекар и пред војната работеше во Здравствениот центар во Косовска Митровица.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
