Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.
Ново на Сител
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
-
Обложувалници “Спорт Лаиф” реализираа донација од 4 милиони денари за дигестивниот оддел во Клиниката “Св. Наум Охридски”
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни