Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Брисел ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурните проекти.
На Министерскиот совет, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.
Според најавите, Николоски на Министерскиот совет ќе говори за македонските транспортни политики, напредокот и реализација на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.
Во пресрет на состанокот, Николоски најави средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои ќе стане збор за спојувањето на двата коридори, како и за можностите заедничко финансирање на нови проекти во рамки на Планот за раст.
-Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот. Иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација на која коридорите 8 и 10, исток-запад и север-југ, се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас, порача Николоски.
Министерскиот совет тело задолжено за остварување на целите утврдени во Договорот на Транспортната заедница. Тој дава општи политички насоки, го разгледува напредокот во спроведувањето на Договорот, дава мислења за назначувањето на директорот на Постојаниот секретаријат и одлучува за седиштето на Постојаниот секретаријат со консензус.
Министерскиот совет се состои од по еден претставник од секоја земја потписничка на Договорот, додека сите членки на ЕУ можат да учеството како набљудувачи. Министерскиот совет се состанува еднаш годишно.
Николоски вчера во Брисел присуствуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“, што го организира тинк тенкот „Пријатели на Европа“, каде се обрати на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“.
МИА
Ново на Сител
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
-

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
