Вицепремиерот Маричиќ денеска во официјална посета на Косово
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во официјална посета на Приштина, Република Косово, каде ќе оствари средба со неговиот косовски колега, првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог, Бесник Беслими.
Теми за разговор на средбата ќе бидат евроинтегративниот процес на земјите од регионот, во пресрет на 20 годишнината од Самитот во Солун, билатералните односи на двете земји и регионалната соработка.
Маричиќ во Приштина ќе учествува и на конференција во рамки Иницијативата Балкански дијалози, на тема: „ЕУ и Западен Балкан: безбедност, регионална соработка и интеграција“, на покана на Групата за истражување на политиката на Балканот, Фондацијата БФПЕ за одговорно општество и Атлантскиот совет, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Ново на Сител
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат