Македонија
26. October 2017 - 8:29

Вицепремиерот Анѓушев во посета на Брисел

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе биде во работна посета на Брисел.

Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари работна средба со белгиската министерка за енергeтика, животна средина и одржлив развој Мари Кристин Маргхем.