Македонија
20. November 2024 - 12:58

Предлог за поведување на стечајна постапка против ЗК Пелагонија АД Битола

Земјоделскиот комбинат Пелагонија е во лоша финансиска состојба веќе подолго време, односно цели 4 месеци не може да ѓи исплати своите обврски и е со блокирана сметка.

Пред Основен суд Битола на 14.11.2024 година е поднесен предлог за отварање на стечајна постапка на предлог на доверителот Бетон дооел Штип, по кој е поведена постапка Ст.бр.152/24 и по кој постапува судијата Татјана Митревска.

Со оглед дека комбинатот неспорно е неликвиден, неспособен за плаќање, односно не е во состојба да ѓи измирува доспеаните обврски и е со блоќирана сметка повеќе од 45 дена, сосема е очекувано дека над истиот ќе биде отворена стечајна постапка во најскоро време.