Вицепремиерот Адеми се сретна со европратеникот Петерле
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска се сретна со словенечкиот пратеник во Европскиот парламент Алојз Петерле, со кој разговарале за претстојните избори, за реформскиот процес, мигрантската криза...
Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата соговорниците се осврнале на политичките случувања во земјата, особено, како што посочуваат оттаму, на важноста да се организираат демократски и кредибилни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени, со што земјата конечно би излегла од долгата политичка криза и би можела да се фокусира на неопходните реформи.
Вицепремиерот Адеми ја истакнал и важноста на континуираната поддршка на Европскиот парламент за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, и изразил очекување дека таа ќе се рефлектира и во следната резолуција на Европскиот парламент за земјата.
- Ние сме свесни дека политичката криза во земјата влијаеше врз многу сегменти, вклучувајќи ја и динамиката на реформите поврзани со ЕУ, рече Адеми, додавајќи дека по изборите тоа ќе биде главниот фокус на Владата, но и на останатите општествени чинители.
Европратеникот Петерле ја потврдил поддршката за еворинтеграцијата на земјите од регионот вклучително на Македонија, и посочил на потребата да се покажат конкретни резултати во реформскиот процес. Тој истакнал и дека земјата одиграла позитивна улога во справувањето со мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Анкета: Камала Харис со мала предност во Висконсин и Мичиген, изедначена со Трамп во Пенсилванија
-
Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две жени, приврзаници на Камала Харис
-
Во Скопје се оджува конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“
-
ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Скопје најавува посветеност на европскиот пат
-
Во Собранието пратенички прашања - први на новиот парламентарен состав
-
Состојба на патиштата
-
Наутро по одделни котлини магла, преку денот сончево со мала локална облачност
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат