Ви се „мази“ мачка околу нозете, не ја бркајте - еве зошто го прави тоа
Според народните верувања,мачките се познати како истерувачи на зли духови од домовите. Кога мачката се гали околу нозете, таа ја дели својата позитивна енергија со таа личност, всушност и ја пренесува, својата.
Затоа не е убаво да ја избуткате од вас плашејќи се од влакна. За мачките се вели дека тие се магични суштества, па доколку се плашите од уроци и дека некој ви посакува зло, тогаш галете ја вашата мачка со двете раце почнувајќи од главата па се до опашот или галете и ја левата шепа, со тоа ќе се заштитите од злото.
Мачките имаат позитивна аура и се познати како чувари на куќата и истерувачи на зли духови.Ако видите дека вашата мачка седи долго на едно место и гледа во едно исто место, тоа можеби е знак дека имате зол дух дома.Во тој случај се препорачува поткадување на вашиот дома со сушен пелин.
Интересно за мачките е и дека најмногу се задржуваат на места каде што има негативна енергија па затоа во Русија имаат ритуал кога се вселуваат во куќа најпрвин пуштаат мачка да влезе во куќата, која треба да ја елиминира негативната енергија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања