Ви се лупат дланките - еве што треба да направите

Голем број луѓе страдаат од лупење на кожата од дланките. Оние што почувствувале, знаат дека тоа е иритирачки за кожата и предизвикува чешање, а некогаш дури е и болно.
Иако постојат многу фактори кои придонесуваат, најчестите причини се сува кожа, егзема, псоријаза, ладно и суво време, често миење на рацете, употреба на груби хемикалии, алергии, и последно, но не и најмалку важно, изгореници.
Исто така, кожата на рацете може да се лупи како резултат на некои видови на стафилокока, габични инфекции или пак поради недостаток на витамини.
ЈОГУРТ
Јогуртот е еден од најдобрите природни третмани против лупење на рацете. Може ефикасно да ја лади човечката кожа и тело, додека значително го намалува чешањето и другите симптоми кои се пропратени со оваа состојба.
Јогуртот изобилува со елементи во трагови, минерали, киселини и ензими, кои во голема мера го забрзуваат процесот на лекување.
Плус, јогуртот е одличен навлажнувач, кој се апсорбира длабоко во кожата, а со тоа обезбедува соодветна хидрација на сувата кожа.
КОКОСОВО МАСЛО
Неверојатните здравствени придобивки од кокосовото масло се надалеку познати. Освен што прави чуда за вашето здравје одвнатре, на пример, го подобрува варењето, што е подеднаквокорисно за кожата.
Всушност, кокосовото масло е едно од најдобрите природни лекови за кожата на вашите раце. Прво, изобилува со масни киселини, кои се одличен навлажнувач на кожата. Второ, богато е со антиоксиданси, кои ослободуваат од иритација на кожата го смируваат чешањето.
- Пред употреба,растопетеекстра девственококосово масло.Внимавајте да не го прегреете.ежна масажаова топломаслона вашите раце.
Направете гоовој третмандвапати или трипати на ден,секојдневноза да ги видитесакуваните резултати.
АЛОЕ ВЕРА
Алое Вера е уште еден исклучително корисен природен лек кој може ефекасно да ја лекува и негува кожата, а тоа значи и стопирање на лупењето на кожата.
Згора на тоа, алое вера може ефикасно да го намали чешањето, иритацијата и воспалението на кожата.
- Измешајте малку течен витамин Е со 2 лажици свеж гел од алое вера. Нанесете ја смесата на засегнатата кожа. Оставете да се исуши природно пред да се измиете со топла вода.
Како и со кокосовото масло, повторете го методот двапати или трипати на ден, минимум 1 седмица.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
