Вежба на специјалната единица „Тигар“ во Охрид
– Полициски службеници од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре ќе спроведат тактичко – показна вежба на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, соопшти СВР Охрид.
Портпаролот Стефан Димоски појасни дека се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР.
– Целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, изјави Димоски.
Пред почетокот на вежбата, додаде, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето.
– Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, рече Димоски.
Вежбовни активности на Специајалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, јавноста ќе биде информирана.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”