Ветувањата на Трамп придонесоа за највисоко ниво на доверба кај потрошувачите во САД од 2004 досега
Довербата на потрошувачите во САД е на највисоко ниво од 2004 година бидејќи се шири бран на оптимизам меѓу Американците во поглед на нивните финансии и изгледите на економијата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори.
Универзитетот Мичиген соопшти дека нивниот конечен индекс на доверба на потрошувачите е зголемен на 98,2 поени од ноемвриските 93,8 поени.
- Инфлаторните очекувања во следните пет до 10 години се намалени на рекордно ниско ниво. Во следните 5 до 10 години испитаниците проектираат стапка на раст на цените од 2,3 отсто за разлика од 2,6 отсто во претходниот месец со што се неутрализирани „особено оскудните“ очекувања во поглед на зголемување на платите, вели директорот на Универзитетот Мичиген, Ричард Кертин.
Рекорден број испитаници, двојно повеќе отколку во 1981 година кога Реган стана претседател на САД, спонтано споменале во анкета очекувано влијание на мерките на Трамп за иднината, се вели во извештај на Универзитетот.
Дел од американските медиуми јавуваат дека ветувањата на Трамп за намалување на даноците и за вработување го „протуркале“ растот на довербата на потрошувачите и оти тој „меден месец“ може да заврши во следните месеци освен ако навистина економската состојба не покаже подобрување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга