Ветровито и студено до -12
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.
Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Кон крајот на работната седмица температурата благо ќе се зголеми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
