-->
-->
ОН ветија помош од 25 милиони долари за Сирија
-->
ОН ветија 25 милиони долари помош за луѓето во областите погодени од земјотресот во Сирија. Износот е дополнување на донацијата од 25 милиони американски долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.
Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека новата помош ќе помогне да се задоволат итните потреби на стотици илјадници Сиријци. Тој додаде дека условите во земјата се најлоши од почетокот на конфликтот во 2011 година - со намалени ресурси, епидемија на колера и сурови зимски услови.
Агенцијата на ОН за бегалци објави дека речиси пет и пол милиони луѓе во Сирија би можеле да останат без покрив над главата по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола