Ветерот го расчисти воздухот во Скопје
Ветерот што од синоќа почна да дува во скопската котлина го расчисти загадениот воздух. Од ноќеска по 22 часот според мерењата, концентрацијата на ПМ10 честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен.
Метеоролозите најавуваат и за денеска дека ќе има умерен до засилен ветер.
Загадувањето во изминатите два дена беше неколку пати поголемо од дозволеното. Највисоката вредност на ПМ10 честичките беа измерени во Лисиче - 629 микрограми на метар кубен.
Во првите два дена од новата година концентрациите беа над 200 и достигнуваа до 600 микрограми.
Мерки за заштита од загадувањето прогласуваат Владата и Градот Скопје кога во два последователни дена ќе се измерат концентрации над 200 микрограми на најмалку две мерни станици.
Поради загадувањето минатата недела Владата и Градот Скопје ги активираа итните мерки против загадување кои траат до намалување на загадување.с
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?