-->
-->
Вестбрук: На улица не ме посипуваат со пуканки, знаејќи ги последиците
-->
Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук ја повика НБА да преземе нешто по инцидентот со навивачот во арената „Велс Фарго“ во Филаделфија.
– Не би се осмелил некој на улица врз Расел Вестбрук да истури пуканки, бидејќи знаете што ќе се случи тогаш. Време е да започнеме да ги заштитуваме играчите во арените. Да видиме што ќе направи раководството на НБА-лигата, изјави Вестбрук.
На враќање кон соблекувалната, повредениот Вестбрук беше посипан со пуканки од еден од навивачите. Овој инцидент предизвика екстремен бес кај кошаркарот.
Навивачот набрзо беше принуден да ги напушти трибините.
Филаделфија со 120:95 го доби натпреварот одигран ноќеска и поведе со 2:0 во првото коло од плејофот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот