Вест Хем го шокираше Арсенал, Ливерпул се искачи на првото место во Премиер лигата
Арсенал му ја препушти водечката позиција на Ливерпул, откако во 19.коло загуби на домашен терен од Вест Хем со 0:2. Арсенал е втор на табелата со 40 поени, два помалку од Ливерпул, додека Вест Хем скокна на шестото место со 33 бодови.
Вест Хем втор пат сезонава забележа победа во северен Лондон. Пред еден месец победија кај Тотенхем, а вечерва славеа изненадувачка победа кај Арсенал.
Моментот кој го обележа натпреварот се случи во 13.минута кога водечкиот гол го постигна Соучек. Дури ни ВАР не можеше да „види“, дали пред да центрира Боувен топката со целиот обем ја мина гол-аут линијата.
Судбината на Арсенал ја запечати Мавропанос во 55.минута.
Победата на Вест Хем можеше да биде поубедлива, меѓутоа Бхерама не реализираше пенал во 95.минута.
Со овој „кикс“ на „Топџиите“, Моменталното прво место во Премиер лигата го држи Ливерпул.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза