Весели: Столтенберг треба да е загрижен за руските бази во Србија, не за косовската војска

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека не треба да го загрижува формирањето на војската на Косово, која е партнер на Алијансата, туку руските воени бази во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели во интервју за Гласот на Америка на албански јазик нагласи дека Приштина за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави.
– Нашата војска е војска на партнерство, не војска која ги загрозува соседите. Столтенберг повеќе треба да биде загрижен поради руските бази во Србија, во Ниш, отколку за силите кои се во партнерство со НАТО, кои се тесно поврзани со САД и членките на Алијансата, изјави Весели.
Пакетот закони со кои ФСК практично прераснуваат во војска на Косово ги помина законските процедури и задутре, 14 декември, се очекува да бидат изгласани во косовското Собрание. Трансформацијата ја поддржуваат сите албански и други несрпски партии во Собранието, а категорично се спротивставува партијата на косовските Срби, Српската листа.
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека повеќе сојузници во Алијансата се загрижени поради формирањето на војската на Косово и оцени дека постапката на Приштина е избрзана.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
