Весели нема да биде кандидат за претседател на косовското Собрание
Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели синоќа соопшти дека тој повеќе нема да биде кандидат за претседател на косовското Собрание и дека коалицијата ПАН, на која и припаѓа и неговата партија, ќе предложи друга личност за оваа функција.
Ваквата најава на Весели успеди откако коалицијата ПАН, која победи на јунските предвремени парламентарни избори во Косово, вчера на успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот, поради што беше и прекината конститутивната собраниска седница.
- Ние нема да правиме блокади. Имаме ново име за претседател на Собранието и неговото име ќе го објавиме на следната седница, изјави синоќа Весели за косовската државна телевизија РТК.
Весели го обвини претседавачот на конститутивната седница на косовското Собрание, Адем Миколовци од движењето „Самоопределување“ дека немал право да го прекине заседанието и наглси дека токму оваа партија влијаеле за прекин на вчерашната седница,
- Нема да има тензии. Обидите за блокада се од страна на движењето „Самоопределување“, кое му помага на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), оцени Весели.
Новото продоложение на конститутивната седница на косовскиот Парламент е закажано за денеска, откако вчера на попладневното продолжение на заседанието не се појавија 39-те пратенци од коалицијата ПАН.
Неприсуството на пратениците од коалицијата, Енвер Хоџај го образложи со тврдењето дека по соопштувањето од страна на претседавачот Миколовци дека ја прекинува седницата без да соопшти кога е продолжението, пратениците си заминале од собраниската зграда.
Пратеникот Глаук Коњуфца од „Самоопределување“ ја повика коалицијата ПАН да се откаже од намерата да формира мнозинство и тоа да им го препушти на неговата партија и на коалицијата ЛАА, предводена од ЛДЛ.
- Нема никаква пречка „Самоопределување“ и ЛАА да формираат влада, која нема да зависи од Белград, бидејќи имаме 71 пратеник, рече Коњуфца, сметајќи ги во вкупниот број мандати и десетте пратеници од малцинските заедници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци