Весели: Договорот меѓу Македонија и Грција извонредна вест за целиот регион
Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, кој го оцени како „охрабрувачки модел“ за соседните народи, јавува дописникот на МИА од Приштина.
- Постигнатиот договор за името е извонредна и долгоочекувана вест за мирот и стабилноста во целиот регион. Тој служи како охрабрувачки модел за сите соседни народи, за да ги решат проблемите од минатото по пат на дијалог и меѓусебно разбирање. Мене посебно ме радува што благодарение на тоа на Република Северна Македонија и се одблокира патот кон зачленувањето во НАТО и ЕУ, напиша Весели.
Спикерот на косовскиот Парламент им честита и на сонародниците Албанци во Македонија за ова достигнување и им се заблагодари за „конструктивниот однос про-интеграциите кој го задржаа цело време“
Ново на Сител
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
-

Преглед на вестите од светот
