Весели бара единство за да се затворат преговорите со Србија
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели изјави денеска дека за да се постигнат успешни резултати во преговорите со Србија неопходно е партиите на власт и оние од опозицијата да се обединат и да настапат едногласно, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели нагласи дека во овие преговори воопшто не доаѓа предвид да се отвори прашањето на територијалниот суверенитет на Косово, затоа што „територијата и институциите на земјата се едни и неделиви и им припаѓаат на граѓаните на Косово, од кои мнозинството од 92 до 93 отсто се Албанци“.
– Ние имаме горчливо минато и штом се спомене Србија ние несомнено чувствуваме болка и одредена антипатија кон тоа прашање, но секако дека треба да се заврши и тој дел. Јас верувам дека ќе се обединиме заедно, власт и опозиција, за да ги оставиме инаетите зад себе и да се ориентираме директно на затворањето на прашањето со Србија. Дефинитивно Косово е независна и суверена држава и тука нема никакви дилеми. Тука говориме само за односите Косово – Србија кон Европската унија. Но, во прашањето за иднината на Косово ние нема ниту да отвориме расправа околу таа работа, изјави собранискиот спикер во Качаник, каде што присуствуваше на пуштање во употреба на спортски објект.
Тој порача дека Албанците никогаш нема да се однесуваат кон Србите како што тие се однесуваа во минатото кон Албанците.
– Малцинските заедници во Косово имаат права речиси како во ниедна земја во Европа, рече Весели.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени