Вес Мичел денеска во Атина

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, денеска е во Атина на средби со грчки владини преставници.
Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите. Иако нема формална потврда, се очекува да стане збор и за спорот за името меѓу Атина и Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, официјално не се најавени средбите на Мичел во грчката престолнина и веројатно сите разговори ќе бидат затворени за медиумите. Американскиот помошник државен секретар, според она што засега постои како официјална информација, ќе има средби со функционери од грчката Влада, но не и со премиерот Алексис Ципрас или министерот за надворешни работи Никос Коѕијас.
Мичел во Атина ќе биде неколку часа, со оглед на тоа што денеска во 15.30 часот, има закажано средба на Кипар со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.
Посетата на Мичел на Атина е дел од неговата регионална турнеја, прва од преземањето на функцијата, во рамки на која завчера ја посети и Македонија. Од Скопје тој порача дека дека САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
