Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на титулата викендов на трката за Големата награда на Лас Вегас, зборуваше за неговата кариера.
-Ако луѓето се критични и велат дека можам да победам само со најдобриот болид, јас им докажувам дека грешат. Ако сега не ми дадат кредит, не знам што друго да правам. Дали би станал шампион во Мекларен? Да! И тоа многу побрзо. Во 2021 година, во друг болид, исто така би ја освоил титулата, изјави четирикратниот шампион во Формула 1.
Макс се сомнева дека кој било друг возач е способен да ја освоеше титулата во болидот на Ред Бул тековата сезона.
-Ние сме во Вегас, можете да се обложите на ова мое тврдење, истакна холандскиот пилот.
Верстапен го обезбеди трофејот на две трки пред крајот на сезоната 2024.
Ново на Сител
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури