Верниците денеска го слават светецот чии мошти имаат исцелителна моќ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври.
Денеска е Св. пророк Осиј.
Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави. Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без завист, лага, љубов кон парите и нечистите задоволства, зашто сите овие работи им го поматуваа умот на луѓето. Го претскажуваше доаѓањето на Господа, како и богатството на даровите што Христос со себе ќе го донесе на земјата. Доживеа длабока старост и мирно се успокои.
Андреј Критски бил свештеник и во времето на прогонот поради иконите се покажал како поборник на иконопочитувањето.
Јавно го критикувал царот Копроним поради иконоборство. Еднаш отишол во Цариграг и влегол во црква.
Застанал пред царот и јавно му се обратил со зборовите: Подобро би ти било, царе, да ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот отколку да го гониш Христа и слугите Негови.
Поради тоа Андреј бил изложен на мачење и го влечеле по улиците. Еден еретик го удрил со секира и на место го убил. Неговите мошти исцелуваат болни.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка