Македонија
18. December 2018 - 10:10

Верижен судир во Скопје - две лица префрлени во болница

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчерабило пријавено дека на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило “Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици, управувано од 60-годишната Л.Г. од Скопје, патничко моторно возило „Сеад алтеа“ со скопски регистерски таблици, управувано од 30-годишниот О.Т. од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од 58-годишниот Ф.М. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.