Македонија
28. December 2018 - 10:34

Верижен судир на регионалиниот пат Струга – Дебар

На  крстосницата од регионалиниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа, вчера во 11:30 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(57) од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ш.K.(45) од село Велешта, а настрадал пешакот Н.Б.(65) од село Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди.  Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.