-->
-->
Верижен судар на магистрала - загинаа 17 лица во Кина
-->

Седумнаесет лица загинаа и 37 се повредени во верижен судар на магистрала во северна Кина, јави ДПА.
Кинеската агенција Ксинхуа наведе дека катастофата се должи на лошите зимски услови.
Несреќата се случила во провинцијата Шинси, кога се судриле 56 превозни средства.
Кранови се обидуваат да ги одделат возилата кои се притиснати од ударот.
Северниот дел на Кина од неделата наутро е зафатен од студен бран.
Температурата во Пекинг е под нулата, а улиците се покриени со тенка снежна покривка.
Според податоците на СЗО, годишно во Кина гинат по околу 260.000 лица во сообраќајни несреќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
