Верешчук: Украина и Русија постигнаа е договор за коридори за евакуација на цивилите
Русите и Украинците утрово се договорија да го почитуваат прекинот на огнот за голем број хуманитарни коридори за евакуација на цивили, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
Како што наведе таа, Москва потврди дека се согласила да го почитува прекинот на огнот од девет до 21 часот по локално време (од осум до 20 часот по средноевропско време) во шесте зони погодени од борбите. Дефинирани се коридори за евакуација на цивили од Енергодар до Запорожје на југот на Украина, од Изиум до Лозов на исток и од Суми до Полтава на североисток, каде вчера по еден коридор веќе се евакуирани неколку илјади цивили.
Треба да се воспостават и повеќе коридори за евакуација на цивили во Киев, како и од неколку градови што се под силни воздушни напади западно од главниот град, вклучувајќи ги Буча, Ирпин и Гостомел.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
