Верешчук: Евакуирани над 140.000 цивили
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преку хуманитарните коридори евакуирани се повеќе од 140.000 цивили од конфликтните зони во земјата.
Таа истакна дека денеска се евакуирани неколку илјади луѓе од градовите во регионот на Киев, а околу 5.000 луѓе од источниот регион Луганск.
Верешчук наведе дека хуманитарниот конвој уште еднаш не успеал да стигне до опколениот пристанишен град Мариупол поради руското гранатирање.
Претходно, Градскиот совет на Мариупол соопшти дека во изминатите 24 часа градот бил бомбардиран 22 пати и оти се фрлени над 100 бомби.
Од почетокот на руската агресија на 24 февруари загинаа 2.187 жители на Мариупол.
– Луѓето страдаат 12 дена. Во градот нема струја, вода, парно. Скоро и да нема мобилна комуникација. Се трошат последните резерви на храна и вода, се предупредува во соопштението објавено на интернет-страницата на Градскиот совет на Мариупол.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
