Венгер го одбил Фулам?!
Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер, ја одбил понудата да седне на клупата на последнопласираниот тим во Премеир лигата, Фулам. Челниците на клубот од „Крејвен котиџ“ вчера му врачија отказ на Славиша Јокановиќ и на неговото место го ангажираа Клаудио Раниери.
Фулам, по 12 одиграни натпревари, има само пет бода, со кои е закован за дното на табелата. Овој тим ја има најлошата одбрана во лигата со 31 примен гол.
„Мирор“ во четвртокот објави дека прв пик за наследник на Јокановиќ бил Арсен Венгер, меѓутоа популарниот „професор“ ја одбил понудата. Дури тогаш сопственикот на Фулам, Шахид Кан, стапил во контакт со Италијанецот Раниери, кој во 2016 година со Лестер ја освои Премиер лигата.
Венгер 22 години (1996-2018) го предводеше Арсенал, а клубот го напушти во јуни оваа година.
Пред неколку недели тој најави дека од јануари ќе работи во нов клуб, а медиумите шпекулираат дека за неговите услуги сериозно се заинтересирани Баерн Минхен и Милан.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите