Венецуелската опозиција одби да ги признае резултатите од изборите за гувернери
Венецуелската опозиција одби да ги прифати резултатите од вчерашните избори за гувернери.
Според податоците на Националниот избирачки совет, кандидатите на прогресивната Социјалистичка партија на Венецуела победија на изборите во 17 од 23 држави, а опозицијата во пет.
- Не ги признаваме резултатите, објавени од Националниот избирачки совет, изјави раководителот на предизборната кампања на опозициската коалиција „Блок за демократско единство“, Херардо Блејд. Тој истакна дека опозицијата ќе бара проверка на сите фази od гласањето во сите држави, вклучувајќи ги и оние каде што победиле нејзините претставници.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави победа на вчерашните избори.
- Ова е голема победа. Чавизмот доби широка поддршка на изборите, освојувајќи 17 гувернерски места. Опозицијата има само пет, изјави Мадуро и додаде дека неговата партија ќе победи и во последната држава Боливар, од каде се уште не се пристигнати резултатите.
Претставниците на опозицијата ги подобрија нивните резултати во споредба со претходните избори од декември 2012 година. Кандидатот на опозицискиот Блок за демократско единство Хуан Пабло Гуанила ќе ја предводи најгусто населената држава Сулија, која располага со 40 отсто од нафтата.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница