„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
Во текот на минатата година во Германија се натурализирани рекорден број странци, што е највисоко ниво откако започна стандардизираното собирање податоци за оваа тема во 2000 година, објави весникот „Велт ам Зонтаг“, цитиран од ДПА.
Проверката на весникот покажа дека 249.901 лица во 13 покраини добиле германско државјанство минатата година. Во 2023 година оваа бројка изнесуваше 200.095 во сите 16 провинции, што, исто така, беше рекорд во тоа време.
Неколку провинции доставија прелиминарни податоци откако беа прашани од новинарите на весникот, а други неодамна официјално ги објавија информациите.
Покраините Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт и Шлезвиг-Холштајн не одговорија на барањето на весникот и не доставија податоци.
На 27 јуни 2024 година стапи на сила амандман на Законот за државјанство, со кој им се овозможува на имигрантите да станат германски државјани преку побрза постапка. Промените, исто така, дозволија двојно државјанство, важен развој за многу странци кои живеат во Сојузна Република Германија.
Натурализацијата стана можна по пет години, а не по осум години, како што беше случајот претходно. Исто така, е предвидено дека тоа може да се дозволи само по три години ако се утврди дека дотичната личност е особено добро интегрирана во општеството.
Но, новата коалициска влада составена од конзервативци и социјалдемократи ја укина тригодишната брза постапка за натурализација, задржувајќи ја само петгодишната.
-Многу од луѓето што пристигнаа во нашата земја во големиот миграциски прилив од 2015-2016 година веќе аплицирале или моментално аплицираат за државјанство, рече Хелмут Дебеј, потпретседател на Здружението на германски градови.
Тој додаде дека фактот што повеќе не мора да се откажува од претходното државјанство, исто така, го стимулира интересот за германско државјанство.
Кандидатите за натурализација мора успешно да положат испит насловен како „Животот во Германија“, чија цел е да се провери знаењето на кандидатите за германската историја, култура, општество и закони. Тие, исто така, треба да докажат дека го познаваат германскиот јазик барем на ниво Б1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици, што е прво ниво на средно ниво на јазични вештини.
Ново на Сител
-
Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир
-
Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки - Македонија гради енергетска иднина за сите
-
Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
-
УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши