-->
-->
„Велт“: Бегалците ја избегнуваат „балканската рута“
-->
Бегалците настојуваат да ја избегнат т.н. балканска рута кон Европа поради остри тамошни контроли и наместо тоа планираат да користат поризична рута преку Средоземното Море, објави Велт ам зонтаг повикувајќи се на западни разузнавачки служби.
Околу 200.000 бегалци моментно се долж брегот на Медитеранот во Либија, а голем дел од нив се од Сомалија, Еритреја, и Нигерија и чекаат поволни временски прилики за да дојдат во Европската унија.
Истовремено, дел од бегалците може да тргне и по друг пат – Од Турција преку Црно Море или преку територија на Грузија и Русија, објави весникот.
Фронтекс регистрирала влез на повеќе од 1,5 милиони мигранти во држави од ЕУ во минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор